Основен предуслов за реализирање на сите планирани инвстиции во осовременување на мрежата и изградба на нови обновливи извори на енергија е стабилна економска клима, потенцираше Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија, на денешната прва конференција на ново формираното Здружение за енергетика при Стопанската комора на Македонија.
Петер пред претставниците на енергетските компании, институции и академската заедница, ги претстави досегашните реализирани инвестиции на ЕВН во износ од 241 милион евра во модернизирање на досегашната и изградба на нова дистрибутивна мрежа. За реализација на овие инвестиции, не биле доволни редовните приливи од работењето на ЕВН Македонија, тук,у дел од средствата биле обезбедени преку кредитни линиии.
Во следните 20 години ќе се реализират инвестиции во вредност од милијарда евра, во дистрибутивната мрежа што ја потврдува стратешката определба и улога на ЕВН во развојот на енергетскиот систем на РМ, најави Петер.
Реализацијата на овие инвестиции во следниот период ќе зависат од економските услови и стабилноста на бизнис климата во земјата.