![queen](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/queen.jpg?resize=680%2C453&ssl=1)
Смртта на британската кралица Елизабета Втора би можело да значи дека 600-те нејзе омилени стокови марки може да го загубат „кралскиот печат“ и доколку не ги одобри новиот крал Чарлс Трети, во рок од две години ќе мора да го отстранат.
Чаевите „Fortnum and Mason“, мантилите „Burberry“, чоколадата „Cadbury“, па дури и метил и кучешка храна се наоѓаат меѓу производите кои се во опасноста да го загубат својот кралски престиж.
Во прв ред, „кралскиот печат“ е знак за квалитетот и оните кои на него имаат право може да го втисната кралскиот грб на своите производи, пакувања, да го стават во огласи, работните простории или на возилата.
Иако тоа е тешко прецизно да се измери, на некои брендови бездруго кралското одобрување им ја зголемува продажбата, проценуваат стручњаците за пазари.
Доколку не го добијат одобрувањето од новиот крал Чарлс Трети, кој пак досега имаше свои 150 брендови со принцевско одобрување, во рок од две години ќе мора да ја отстранат ознаката дека се префериран добавувач на монархот.
Некои од овие брендови беа заеднички за кралицата и принцот. На пример, „Fortnum and Mason“, за новото одобрување веројатно не би требало да бидат загрижени, бидејќи нивниот чај го обожува и Чарлс.
„Горди сме што го имаме печатот на Нејзиното Величество од 1954 година и тоа што го снабдувавме кралското домаќинство во текот на нејзиниот живот“, соопштија од оваа лондонска компанија која чајот го произведувала и за кралот Едвард Седми, прадедото на Елизабета Втора.
Причина за загриженост, најверојатно, немаат ниту во „Barbour“, компанијата којашто беше службен добавувач на кралицата со водоотпорна и заштитна облека, но исто така и за нејзиниот син.
Аперитив и шампањ
Меѓу брендовите кои имале полза од поврзаноста со кралицата е и аперитивот „Dubonnet“, кој се заснова на вино, а бил клучната состојка од омилените коктели на Елизабета Втора направен од овој пијалак и џин…
Од друга страна, компанијата „Luner“, којашто се гордееше со тоа што кралицата ја снабдуваше со познатите рачни чантички, би можела да ја загуби драгоцената етикета.
Брендовите кои за јавноста не претставуваа голема асоцијација за кралицата, како што се чантите и торбичките што несомнено биле, „е кралски сертификат над сето признание за умеењето и традицијата“, вели Кристијан Порта, директор за глобален развој во концернот „Pernod Ricard“, сопственик на „Dubonnet“.
Споменатата француска компанија има кралска ознака и за шампањот „Mumm“.
Построги критериуми
И стоките за широка потрошувачка може да добијат одобрување, како на пример „Heinz“, познат по своите кечапи.
Американската компанија „Kellogg’s“, пак, кралицата ја снабдувала со житарки. Нејзиниот портпарол за Велика Британија, Пол Вилер, вели дека биле постојани добавувачи на кралското семејство во текот на 70-годишното владеење на Елизабета.
„Имавме специјално комбе со кои ги возевме житарките за кралското семејство директно од фабриката“, вели Вилер.
Кралските одобрувања траат пет години, а за нивното одобрување критериумите стануваат сѐ построги.
„Не е само во прашање совршениот квалитет и услугата, треба да докажете дека имате добро работење, особено по прашањето за почитување на човековите права“, додава Вилер.