Резултатите од неделните парламентарни избори во Швајцарија укажуваат на тоа дека земјата свртува в десно, сигнализирајќи дека загриженоста поради миграциите е поголема од топењето на глечерите и климатските промени.
Десничарската Швајцарска народна партија (SVP), најголемата швајцарска политичка партија, ќе го зголеми својот удел во вкупните гласови на 29 отсто, што е за 3,4 процентни поени во однос на претходните избори во 2019 година според прелимирарните проекции на швајцарската телевизија SRF.
Партијата водеше кампања врз настојувањата да се спречи бројот на жителите на земјата кој моментално изнесува 8,7 милиони, да надмине 10 милиони.
Покрај тоа, привлече гласови и од граѓаните загрижени поради забавувањето на економијата и поради растот на животните трошоци, според процената на агенцијата за испитување на јавното мнение GFS Bern.
Растечките трошоци за здравството им одеа во прилог и на левите социјалдемократи (SP). Втората најголема швајцарска партија, сепак, успеа да го зголеми резултатот за само 0,4 процентни поени, на 17,2 отсто.
Поддршката за Зелените веројатно ќе се намали за 4,1 отсто, на 9,1 отсто.
Не се очекува дека резултатите од изборите ќе доведат до промена во швајцарската сојузна влада, коај се состои од седум функционери кои го сочинуваат Сојузниот совет. Нивните места се поделени меѓу четирите водечки партии.
„Пред четири години, луѓете беа поидеалистични и попрогесивни, што објасни зошто Зелените минаа толку добри, но сега луѓето се позаггрижени за безбедноста и повторно се поконзервативни“, толку Михаел Херман, политички аналитичар во агенцијата за испитување на јавното мнение Sotomo.