Швајцарскиот трговски биланс во минатата 2022 година покажала за четвртина помал вишок отколку една година претходно, бидејќи увозот пораснал значително повеќе од извозот, покажаа податоците што во вторникот ги објави управата на сојузната царина.
Вишокот во размената на Швајцарија со светот минатата година изнесувал 43,5 милијарди швајцарски франци, или 473 милијарди американски долари, и бил за 25,6 отсто помалку отколку претходната 2021 година.
Извозот реално пораснал за само 0,1 отсто, по 9,5-процентниот скок во 2021 година. Увозот на Швајцарија, пак, реално пораснал за 0,7 отсто, исто така, значително забавувајќи во однос на претходната година, кога беше зголемен за 1,9 отсто.
Номинално, пак, извозот пораснал за 7,2 отсто, поддржан од сѐ повисоките цени, а увозот дури за 16,8 отсто
Послабиот раст на извозот во 2022 година во најголем дел ги одразува 6,9-процентниот пад на извозот на возила. Намалени се и испораките во странство на хемикалии и лекови, за 4,4 отсто.
Растот на извозот на накитот, пак, остро забавил на 21,3 отсто, од 38 отсто една година порано, што значително влијаело врз севкупните извозни резултати во 2022 година.
Во последните три минатогодишни месеца вкупниот трговски вишок на Швајцарија се намалил за 11,3 отсто во однос на претходните три месеца, лизнувајќи се на 7,1 милијарди франци. Извозот притоа реално се намалил за 1,8 отсто, а увозот за 0,4 отсто.
На самиот крај од штотуку завршената година извозот закрепнал, скокнувајќи за 5,7 отсто во однос на ноември кога се намалил за 2,7 отсто. Увозот, пак, пораснал првпат по три месеца и бил за 0,3 отсто поголем отколку во ноември.
Извозот на часовници скокнал во декември за 5,8 отсто на годишно ниво и ја пробол границата од две милијарди франци, што никогаш претходно не се случило на крајот од годината, покажуваат податоците од швајцарското здружение на часовничарската индустрија.
Во целата 2022 година Швајцарија во извоз имала часовниците во вредност од 24,8 швајцарски франци, што е за 11,4 отсто повеќе отколку во претходната година.