Шведска пресилна за „црвено-жолтите“

Македонскиот женски национален тим во ракомет беше поразен од Шведска со 26:35 (13:20) во првото коло од квалификациите за Европското првенство кое се игра следната година.

Швеѓанките ја оправдаа фаворитската улога, од минута во минута ја зголемуваа разликата, имаа и двоцифрена разлика, а на крај извојуваа победа од девет гола разлика. Во тимот на селекторот Симе Симовски, најефикасна беше Сара Ристовска со пет погодоци, Симона Стојановска и Елена Ливриниќ постигнаа по четири, а Елена Ѓорѓиевска, Ивана Гакидова и Ангела Јанкуловска по трипати ја тресеа мрежата на противникот.

Во второто коло, в сабота, нашите ракометарки во „Борис Трајковски“ ја пречекуваат Чешка, која на стартот ја надигра Португалија со 31:20.