
Владата на Шведска денеска донесе одлука за ограничувањата за патувањата во земјата до 31 август на земјите кои се најмногу погодени од коронавирусот, меѓу кои спаѓа и Македонија.
Мерката беше воведена во март, а исклучок од тоа ќе бидат 14 земји кои се најдоа на безбедната листа за целата ЕУ: Алжир, Австралија, Грузија, Јапонија, Канада, Мароко, Црна Гора, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.
„Забраната за влез нема да се однесува на новите жители и студентите кои допрва треба да се преселат во земјата“, појасни владата.