Шведскиот премиер за пандемијата: Ја потценивме виталноста на вирусот…

Шведскиот премиер Стефан Лофвен изјави денеска дека здравствените власти кои се залагаа во текот на првиот бран на пандемијата во Шведска да не воведат рестриктивни мерки, ја потцениле виталноста на вирусот.

„Мислам дека многу немаат увидено каков бран се надвиснува над нас“, изјави Лофвен во интервјуто за дневникот „Афтенпостен“.

Шведската агенција за статистика соопшти дека во ноември биле евидентирани вкупно 7,514 смртни случаи што е најголема смртност во земјата уште од првата година од епидеијата на шпанскиот грип кога биле евидентирани 16 илјади починати.

Во Шведска до денес се потврдени 320,098 случаи на коронавирус, а заедно со смртни случаи, оваа земја ја става на првото место во Скандинавија, со значително подраматични бројки од своите соседи кои воведоа рестриктивни мерки уште во текот на првиот бран.

Шведска сега е меѓу земјите во кои на сила се рестриктивни мерки и забрана за јавни собири.