Сијарто: Централна Европа ќе биде победник на новиот светски поредок

Mandatory Credit: Photo by Lukasz Kalinowski/Shutterstock (10704209m) Foreign Ministers Ivan Korcok from Slovak, Jacek Czaputowicz from Poland, Peter Szijjarto from Hungarian end Tomas Petricek from Czech Meeting of the Ministers of Foreign Affairs of the Visegrad Group in Wadowice, Poland - 07 Jul 2020

Централна Европа има добри изгледи да „стане победничка во новиот светски поредок“, која ќе се обликува по пандемијата на новиот коронавирус, изјави во вторникот унгарскиот министер за надворешниот работи Петер Сијарто во Вадовицe на југот од Полска.

Говорејќи на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од ткн Вишеградската група (Унгарија, Полска, Чешка и Словачка), Сијарто укажа на солидарноста којашто ја демонстрираа споменатите четири земји во текот на пандемијата на коронавирусот.

И покрај големите предизивици, врските се зајакнати, им порача Сијарто на своите колеги во Вадовице.

„Во пост-пандемискиот свет, земјите со пријателска клима за вложувања ќе имаат конкурентна предност. Вложувањата ќе ги привлечат земјите коишто нудат ниски даноци, политичка стабилноста и добра инфраструктура“, рече Сијарто.

Државите членки на Вишеградската група, како што истакна шефот на унгарската дипломатија, имаат добри основи за оваа улога и мораат да одржат разумна економска политика и сигурна економска атмосфера, за да ја победат конкуренцијата.

Шефовит на допломатиите на Унгарија, Словачка, Чешка и Полска се согласија во вторникот на состанокот во Вадовице, на почетокот од полското претседавање со Вишеградската група, дека пандимијата и кризата која ја предизвија даваат нови аргументи во прилог на забрзаното проширување на Европската унија, во прв ред на Србија и Црна Гора.