Си-Ен-Ен отпушти тројца работници оти оделе на работа невакцинирани

Американската медиумска куќа Си-Ен-Ен отпушти тројца работници кои доаѓале на работа невакцинирани против коронавирусот, со што ја прекршија политиката на компанијата.

– Да бидам појасен, имаме политика за нулта толеранција по ова прашање – напиша уредникот на Си -Ен -Ен, Џеф Цукер на Твитер, додавајќи дека е испратено писмо до вработените во кое се наведува дека вакцините се задолжителни за секој што оди во канцеларија и на терен.

Повеќе од една третина од работниците на Си-Ен-Ен доброволно се вратија во редакцијата, а колективното враќање беше одложено од 7 септември до средината на октомври.

Во некои редакции ќе биде задолжително носење маска кога луѓето не јадат или не пијат.

Слични одлуки донесоа и други американски медиуми.