Србинка е брутално убиена од нејзината љубовница, затоа што имала сексуални односи и со мажи.
Полицијата ја уапсила 50-годишната Марина Стоиљковиќ и ја осомничила за ова злосторство, кое што се случило на осми декември во станот на жртвата, а осомничената била уапсена вчера. Марина ја заклала својата љубовница бидејќи не и’ се допаднало тоа што нејзината љубовница се занимавала со проституција и тоа што нејзините клиенти биле мажи.
Телото на убиената е откриено десет дена по злосторството во стан кој таа три месеци претходно го изнајмила. Полицјата упаднала во станот по повик од сосед кој се жалел на силна миризба, а потоа го повикале сопственикот на станот.
„Убиената беше само во долен веш на подот покрај влезната врата од станот. Крв имаше насекаде. Дури и по ѕидовите. Имаше рана на вратот, а околу имаше искината облека, која укажуваше на тепачка. Телото веднаш е испратено на одбукција, со која што е утврдено дека е заклана со нож“, вели извор за српски „Блиц“.
Истрагата покажала шокантни работи. Жртвата се занимавала со проституција, а до клиенти доаѓала преку огласи. Клиентите ги примала во својот стан, а услугите ги наплаќала по час. Затоа имало сомнежи дека можеби таа е убиена од некој клиенти или макрото за кое работела.
„Тие две беа во љубовна врска. На Марина и’ пречеше тоа што убиената имала сексуални односи со мажи и поради тоа се случила расправија со трагичен исход. Осомничената е уапсена и приведена во тамошната полиција“, открива извор на „Блиц“.