![aleksij navalni](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/aleksij-navalni.jpg?resize=696%2C458&ssl=1)
Сибирската транспортна полиција понуди да ѝ помогне на Германија во истрагата со инцидентот за наводното труење на опозицискиот активист Алексеј Навални, но сѐ уште не доби одговор, изјави во неделата вечерта Сергеј Потапов, привремен началник на овој сектор на руското министерство за надворешни работи.
„На 27-ми август челниците на истражниот оддел на Томскиот линиски оддел на руското министерство за внатрешни работи испрати барање за правна помош до надлежните органи на Германија. За жал, германските агенции сѐ уште не доставија никаков одговор. Доколку ја добиеме бараната информација подготвени сме детално да ги провериме тие податоци“, изјави Потапов за телевизијата Россия-1.
Истакнал дека досега биле извршени повеќе од 40 пребарувања на местата на кои престојувал Навални во Томск, Омск и Москва. Исто така, биле интервјуирани лица кои биле на местата на кои се движел опозицискиот активист и од нив се земени околу 100 изјави.
Потапов рече дека имајќи ги предвид информациите за откривање траги од отров во телото на Навални од страна на германските воени експерти, Сибирската транспортна полиција спроведува дополнителни проверки, разработува нови верзии за инцидентот. Сепак, според него, без конкретни податоци од германската страна во моментов тешко може да се работи по таквата верзија.
„До денешниот ден факт за извршивање какви било незаконски дејствија против граѓанинот Навални не е потврден од материјалите добиени од предистражната постапка. Предистражните дејствија продолжуваат“, заклучи Потапов.