Силување и обид за силување пријавени пред новогодишната прослава

Македонската полиција во понеделникот во текот на подготовките за новогодишната прослава добила две пријави за сексуално насилство, односно силување на малолетничка во Штип и обид за силување на жена во Струга, информираа во вторникот од Министерството за внатрешни работи.

Во понеделникот, околу 14,30 часот во СВР-Штип бил пријавен полов напад врз малолетничка. Како сторител е посочен 190-годишник од Штип, идентификуван од полицијата со иницијалите Б. Н. Штиппската полиција ги известила јавниот обвинител, кој издал наредба за лекарски преглед на лицето, по што се работи на расчистување на случајот.

Во 18,20 часот, пак, 37-годишна вработена во спортска обложувалница во Струга, во Полициска станица Струга пријавила дека на улица „Пролетрски бригади“ дека две машки лица се обиделе да ја силуваат. Полицијата соопшти дека трага по осомничените.