Сириските бунтовници ликвидираа 34 странски исламистички борци

Сириските бунтовници убија 34 странски борци, припадници на групата блиска на Ал Каеда на северозападниот дел на земјата, соопшти антирежимската организација Сиријска опсерваторија на човековите права со седиште во Лондон.

Тие, како што се наведува, се убиени во регионот Џаб ал Завај во судирот со умерените бунтовници против режимот на Башар ал Асад и припадниците на џихадистичката група „Исламска држава во Ирак и Левант,“ (ИСИЛ).

Иако исламистичките и умерените бунтовници во Сирија првобитно го поздравија вклучувањето на џихадистите во сирискиот судир, многу брзо започнаа судири со  нив,обвинувајќи ги дека наместо против режимот на Башар, се борат за сопствени интереси.