Италијанската валда ги усвои во четвртокот едни од најстрогите ковид-мерки во светот, обврзувајќи ги сите работници во јавниот и приваниот сектор да поседуваат потврда за вакцинираност против коронавирусот или потврда дека неодамна оздравеле од заразата.
Одлуката беше донесена на седница на владата и треба да стапи на сила од 15-ти октомври. Целта на овој потег е да се убедат граѓаните да се вакцинираат и да се намалат бројките на коронинфекции во една од најпогодените земји во пондемијата на коронавирусот.
Работникот кој нема да може да прикаже валиден здравствен сертификат ќе биде суспендиран без плата, но не може да добие отказ. Тие коишто ќе ја игнорираат уредбата и доаѓаат на работното место без ковид-потврда ќе добијат казни од 600 и 1.500 евра, пренесува агенцијата Reuters која имала увид во нацрт-мерките.
Иако некои земји во Европската унија им наредија на здравствените работници дека мора да се вкацинираат против Covid-19, ниедна досега пред Италија не одреди дека ковид-сертификатот е задолжителен за сите вработени во сите сектори, а се проценува дека со тоа ќе бидат опфатени 23 милиони лица.
Идејата за ковид-потврдите првично се однесуваше на патувањата, но Италија многу брзо започна да ги применува и за ојектите како што се музеите, клубовите за вежбање и внатрешните простори на рестораните.
Иако последните седмици имаше масовни протести против мерките, повеќето италијански политички партии, како и главните здруженија на работодавачите, ги поддржаа во надеж дека нема да има натамошни „затворање“ на стопанството. Лидерите на синдикатите се помалку наклонети на новите рестриктивни мерки и сметаат дека оние кои не сакаат да се вакцинираат мора тестирњата да ги добијат бесплатно за да може да одат на работа.
Италија, по Велика Британија, има најмногу починато од Covid-19 во Европа, над 130.000 од почетокот на пандемијата. Околу 74 отсто од 60 милиони луѓше ја добиле барем првата доза, а околу 68 отсто се целосно вакцинирани против коронавирусот.