Фудбалерите на Манчестер Сити се пласираа во 4-то коло од ФА Купот откако со 4:1 (0:1) на домашен терен го совладаа Барнили во единствениот саботен дуел на два прволигаши, додека Челзи одигра само 0:0 на гостувањето кај Норич Сити па ќе мора да игра нов меч на својот „Стенфорд Бирџ“.
Во Манчестер гостите од Барнли поведоа во 25 минута преки Епли Барнес и таа предност успеаја да ја сочуваат до крајот на првото полувреме. Но во продолжението за само две минути, во 56 и 58-та, Серио Агуеро направи резултатски пресврт во полза на Сити, а до крајот на мечот Лерој Сане во 71 и Бенардо Силва во 82 минута ја потврдија моменталната доминација на „граѓаните“ во англискиот фудбал.
Најголемото изненадување во саботата го приреди четвртолигашот Ковентри Сити кој со 2:1 го совлада прволигашот Стоук Сити.
Во петокот пласман во 4-то коло обезбедија Манчестер Јунајтед кој дома во финишот го совлада со 2:0 второлигашот Дерби Каунти, како и Ливерпул кој со 2:1 беше подобар од Евертон во градското дерби.
Во саботата се одиграа уште следните резултати:
Флитвуд Таун – Лестер Сити 0:0
Вотфорд – Бристол Сити 3:0
Борнмут – Виган Атлетик 2:2
Ковентри Сити – Стоук Сити 2:1
Болтон – Хадерсфилд Таун 1:2
Ексетер Сити – Вест Бромвич Албион 0:2
Манчестер Сити – Барнли 4:1
Вулверхемптон – Свонси Сити 0:0
Њукасл Јунајтед – Лутон 3:3
Фулам – Саутемптон 0:1
Норвич Сити – Челзи 0:0
Астон Вила – Питерборо 1:3
Бирмингем Сити – Бартон Албион 1:0
Блекбурн Роверс – Хал Сити 0:1
Брентфорд – Нотс Каунти 0:1
Кардиф Сити – Менсфилд 0:0
Карлајл Јунајтед – Шефилд Венсдеј 0:0
Донкастер Роверс – Рокдајл 0:1
Ипсвич Таун – Шефилд Јунајтед 0:1
Милвол – Барнсли 4:1
Квинс Парк Ренџерс – Милтон Кејнс Донс 0:1
Стивиниџ – Ридинг 0:0
Викомб Вондерерс – Престон Норт Енд 1:5
Јеовил Таун – Брадфорд Сити 2:0
Мидлсборо – Сандерленд 2:0
Во недела играат:
Шрусбери Таун – Вест Хем Јунајтед
Тотенхем – Вимблдон
Нотингем Форест – Арсенал
Њупорт Каунти – Лидс Јунајтед
Во понеделник: Брајтон енд Хоув Албион – Кристал Палас.