Во заостанат натпревар од англиското првенство, Манчестер Сити пред своите навивачи го совлада Вест Хем Јунајтед со 2:0 и се зацврсти на второто место.
Стрелци на погодоците за „Граѓаните“ беа Родри во 30 и Кевин Де Брујне во 62 минута.
Манчестер Сити е второпласиран со 54 бодови, дури 22 помалку од водечкиот Ливерпул, а четири повеќе од третиот Лестер Сити, додека Вест Хем е 18-ти со 24 водови, бод помалку од зоната која гарантира опстанок во Премиер лигата.