Ситуацијата се стабилизира – цените се намалуваат, Бектеши

Ситуацијата се стабилизира, цените на енергенсите се намалуваат и тоа треба да доведе и до намалување на цените на прехранбените производи, вели за Детектор Министерот за економија Крешник Бектеши.

„Ситуацијата веќе е стабилизирана. Веќе е намалена цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. За среќа цената се намалува и на берзите. Се надевам дека дополнително намалување на цената на струјата РКЕ ќе донесе и во јуни бидејќи произведуваме повеќе. Сите капацитети се во функција и тоа се забележува и кај довербата на граѓаните дека државата нема да има проблем во делот на енергенсите. Но нема да има проблем ни во делот на цените. Нема да има зголемување на цените на енергенсите, вклучувајќи ја и струјата. Тие ќе се намалуваат, убедени сме дека тоа ќе влијае на намалување на цените на основните прехранбени производи, рече Бектеши за Детектор.