Велика Британија размислува за распоредување дронови во Перискиот Залив, кои би помогнале во набљудувањето на регионот, со оглед на тоа дека британски воени бродови и натаму ги придружуваат танкерите под британско знаме кога преминуваат низ Ормутскиот Теснец, јави Скај њуз.
Кралските воздухопловни сили располагаат со голем број дронови во Кувајт, кои изведуваат мисии во Ирак и Сирија, но можат брзо да бидат пренасочени доколку се донесе таква одлука.
САД веќе имаат авиони за надзор кои оперираат над Персискиот Залив, а Австралија испрати патролен авион П8. Акциите се дел од активностите на коалицијата, формирана за заштита на бродскиот превоз во регионот.