![Capture](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/Capture-10.jpg?resize=628%2C361&ssl=1)
Скандалот кој го објави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски, го пренесоа и албанските медиуми.
Станува збор за скандал во кој на контроверзниот бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ, СДСМ и ДУИ му овозможуваат да создаде урбанистички хаос во Тетово и да заработи 200 милиони евра од тоа.
Клучното прашање, истакна Николоски што се поставува е зошто немаше дебата за ова прашање , како е возможно Министерството за транспорт и врски во февруари да добие барање за одобрение на планот , а на 28 и веќе да го одобри и тоа само за 7 дена и како е возможно да се одобруваат вакви мултимилионски бизниси на контроверзна личност како поддржувач на радикални елементи, како на пример против ЕУ и Нато интеграции.Ова се добри прашања на кои Заев и Ахмети треба да одговорат.