Скарлет Јохансон го тужи „Disney“ поради стримингот на „Црна вдовица“

Американската актерка Скарлет Јохансон ги тужи пред судот филмските студии „Disney“, поради прекршување на договорот за онлајн-прикажување на филмот „Црна вдовица“ (Black Widow), пренесуваат тамошните медиуми.

Тужбата била поднесена во четвртокот во судот во Лос Анџелес. Според текстот на тужбеното барање, на коешто се повикува весникот The Washington Post, договорот на актерката за снимање на филмот предвидувал награда во завиосност од приходите остварени на кино-благајните и оти не предвидува премиера преку онлајн-стриминг.

„Disney намерно без правни основи предизвикал прекршување на договорот од страна на Marvel (Marvel Entertainment, кој е во групацијата Disney), со цел да ја спречи г-ѓа Јохансон да ја оствари целосната полза од нејзиниот договор со Marvel“, цитира весникот извадок од тужбеното барање.

Според податоците на онлајн-изданието Indie Wire, филмот „Црна вдовица“ чија премиера во кино-салите и на платформата Disney+ на 9-ти јули, заработила 318 милиони долари, далекуи според очекувањата. Според оцената на Здружението на сопствениците на кино-салите во САД, ниската заработка во голема мера е последица на онлајн-емитувањето на филмот.

Според тужбата, застапниците на актерката биле заинтересирани за разговори за нови услови и финализирање на договорот, но ниту од „Marvel“, ниту „Disney“ не одговориле на тоа. Според The Washington Post, објавувањето на филмот на платформата Disney+ може даја „скуси“ Јохансон за повеќе од 50 милиони долари.