Скопјанец нападнат од колега, штипјанец претепан и ограбен во својот дом

Во текот на четвртокот, Министерствот за внатрешни работи, меѓу другото, регистрирало и физички напад и ограбување во Штип, како и пресметка меѓу двајца колеги во скопски локал.

Полициски службеници од Полициската станица Штип вчера го лишиле од слобода 24-годишниот Б.Ј.од Штип. Тој се сомничи дека претходно истиот ден околу 14 часот физички го нападнал врсникот и сограѓанин С.К. во неговиот дом и му го одзел паричникот. Паричникот бил пронајден и вратен на сопственикот.

Лицето било задржано во Полициска станица Штип и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера, исто така, околу 17 часот во СВР Скопје, 33-годишниот скопјанец М.М. пријавил дека пред влез од угостителски објект на подрачјето на општината Центар, каде е вработен, бил физички нападнат од 40-годишниот Д.Л. од Скопје, исто така, вработен во објектот.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.