
Триесетгодишник од Скопје во вторникот пријавил дека претладнето во подземната гаража на трговскиот центар „Сити Мол“ од неговиот автомобил биле насилно одземена сума од повеќе од 11 илјади евра.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот бил пријавен во четвртокот во 15.00 часот, во Полициската станица Карпош, Триесетгодишникот со иницијали К.К. од Скопје пријавил дека во периодот од 10,20 до 11 часот во подрумските гаражи во Трговскиот центар „Сити Мол“ непознат сторител извршил тешка кражба во неговото возило „фолксваген пасат“.
Според пријавеното, сторителот со употреба на сила му одзел чанта со 11.000 евра и други валути. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот, информираат од МВР.