Скопјанец со автомобил намерно удрил момче, а потоа му ја прегазил ногата

Во Полициското одделение Сарај, вчера во 23 часот Г.И.(45) од с.Кондово, скопско, пријавила дека околу 17.40 часот во с.Глумово, нејзиниот 17-годишен син, поради претходно недоразбирање, бил намерно удрен од возило кое го управувал И.Ј. од с.Глумово, по што го прегазил на десната нога.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.