Зеленски вели дека процесот за импичмент на Трамп не влијае врз односите меѓу Украина и САД

Процесот за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп нема влијание врз односите меѓу Украина и САД, изјави во петокот украинскиот претседател Владимир Зеленски, истакнувајќи дека Киев би сакал Вашингтон повеќе да се вклучи во решавањето на судирот на југоистокот од земјата.

Украина има поддршка од двете партии во американскиот Конгрес, рече претседателот Владимир Зеленски по средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Киев, истакнувајќи дека процесот за отповикување во Вашингтон „нема никакво влијание“ врз меѓусебните односи.

Зеленски, кој сака да ги задржи стратешките односи со САД, со месеци настојува да се извлече од американските внатрешнополитички борби и не сака да се спротистави со ниедна страна, бидејќи американската поддршка му е многу важна во настојувањата да го намали влијанието наголемото рускојазично и руско малцинство со кое војува веќе шеста години по превратот во Киев во март 2014 година.

Сепак, Зеленски јасно даде до знаење дека би сакал САД да се вклучат во решавањето на судирот на југоистокот од Украина.

„Изразувам надеж дека САД поактивно ќе се вклучат во мировниот процес на истокот од Украина и Крим“, рече Зеленски предложувајќи за ова прашање да се задолжи посебен фунцкионер во американскиот Стејт департмент.

И покрај обновувањето на мировните преговори во декември во рамките на ткн „Нормандиска четворка“, којашто ја сочинуваат Украина, Русија, Франција и Германија, и одредени сигнали за деескалација, политичкото решение сѐ уште е под знак прашалник, делумно и поради отпорот на политички струи во Киев на одметнатите региони да им се вратат укинатите привилегии, односно воспоставувањето „специјален статус“, како една од одредбите од Минскиот договор.

Помпео од своја страна потврди дека Украина ја има поддршката од САД, и оти оваа поранешна советска република е „важна земја“ за Вашингтон.

„Денеска сум тука со јасна порака: САД сметаат дека украинската борба за слобода, демократија и просперитет е храбра. Нашата доследност на поддршката на таа борба нема да биде доведена во прашање“, рече Помпео на заедничката прес-конференција со Зеленски.

Трамп е обвинет дека го злоупотребил овластувањата поради своја политичка полза. Наводно ја замрзнал воената помош за Киев за од тамошните власти да издејствува отворање истрага против веројатниот негов демократски ривал Џо Бајден и негвоиот син Хантер, во сменувањето на поранешниот украински државен обвинител кој водел истрага за корупција на украинската гасна групација „Burisma“ во чие равододство бил Бајден синот. Републиканците тврдат дека Трамп само ги користел своите претседателски овластувања во борба со раширената корупција во Украина, кога привремено ја суспендирал воената помош.

Украина не покрена истрага во врска со дејствијата на Бајден од периодот кога беше потпретседател на САД, но и негира дека Тремп вршел каков и да е неоправдан притисок и истакнува дека двете земји имаат добри односи.

Кога станува збор за економијата, Зеленски, исто така, вети „нови договори“ во Украина за американските компании, како и купување американско оружје за противвоздушна одбрана и „значително јакнење“ на трговската соработка годинава.

Помпео на крајот истакна дека можната посета на украинскиот претседател на Вашингтон не е исловена со отворање на истрага против Бајден. Меѓутоа, не спомена датум, додека Зеленски изрази подготвеноста отпатува во САД „уште утре“.

Помпео се сретна и со украинските министри за надворешни работи и за одбрана, како и си митополитот Епифаниј, поглаварот на новопрогласената Украинска православна црква која е надвор од Московската патријаршија.

Помпео ќе се сретне и со претставнциите на цивилниот сектор, а во саботата утрото ја продолжува својата турнеја по поранешните советски републики во Белорусија, Казахстан и Узбекистан.