3.8 C
Skopje
понеделник, февруари 24, 2025

Скопје утрово беше најзагадениот град во светот

Оваа мапа на загаденост во светот, како што пренесува Канал 5, покажува дека Балканот и натаму останува како регион со голема загаденост бидејќи по Скопје на листата на десет најзагадени на второ место е Сараево, трето место е Софија а во врвот се и Приштина и Белград.

Единствен сојузник на граѓаните во битката за чист воздух и натаму останува ветерот. Дел од невладините организации  кои се обединија и организираа протести за почист воздух сметаат дека една од клучните работи кои претстојат е донесувањето на законот за управување со отпад кој е во фаза на носење но кој засега не предвидува забрана за увоз на отпад кој би се користел како алтернативен енергенс за горење.

За следната седмица во вторник поднесена е иницијатива од пратениците на ВМРО ДПМЕН  во собранието да се дебатира за информацијата за енормното загадувањето. Претходно и на седницата на советот за безбедност кај претседателот Пендаровски  се дебатираше за оваа тема,но и од таму не произлегоа конкретни мерки.

Според испитувањата загадениот воздух е причина за смртност на околу 3 000 лица годишно во државава и е петти главен ризик-фактор за смртност во светот.