Синоќешното 47-мо коло на Новолото донесе нов среќен добитник, овој пат седумка вредна 6.000.000 денари.
„Нашиот компјутерски систем лоцираше дека уплатата на среќното Новолото ливче е извршена на 11 јуни во продажното место „Бабка ноќе“ во скопската населба Хиподром. Добитникот уплатил 10 комбинации во износ од 150 денари, од кои осмата комбинација е добитната која му ја донесе вечерашната премија вредна 6 милиони денари.
Добитната коминација во ова коло е: 1, 2, 4, 14, 22, 29 и 32, и дополнителен број 12.
Според статистиката на Државна лотарија на Македонија, по Скопје, град кој најмногу игра НовоЛото 7/34 е Битола, а потоа следуваат Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Куманово, Струга, Кавадарци, Штип.