Шкотските гласачи би изгласале независност и сакаат во следните две години да се одржи нов референдум за ова прашање, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мнение објавни во понеделникот, што укажува на тоа дека Обединетото Кралство би можело да дојде пред нови искушенија набрзо по истапувањето на Европската унија.
На прашањето за тоа како би гласале на евентуален референдум за независност, 46 отсто од 1.019 истпитани шкотски избирачи рекле дека би гласале за самостојност, а против биле 43 отсто од испитаниците, покажува анкетата претставена од Мајкл Ешкрофт. Изземајќи оние кои одговориле дека не знаат како би гласале, резултатот би изнесувал 52 наспроти 48 отсто во полза на независноста на Шкотска.
„Открив дека постои мало мнозинство кое е за одржување нов референдум и за независност на Шкотска, првпат по повеќе од две години“, вели Ешкрофт, конзервативец кој се противеше на доаѓањето на Борис Џонсон на должноста премиер на Велика Британија.
Џонсон, кој функцијата ја презема во јули од Тереза Меј и во Шкотска е непопуларен, минатата седмица беше исвркан додека одеше на состанокот со шкотската премиерка Никола Старџен која од Лондон бара да се согласи на одржување на уште еден референдум за независност на оваа покраина на Обединетото Кралство.
Ова е прва победа за независноста на Шкотска во анкетите од онаа на агенцијата Ipsos MORI објавена во март 2017 година, и е најголемото водство од објавувањето на низата анкети во јуни 2016 година, кусо по референдумот за членството на Обединетото Кралство во Европската унија, рече Епкрофт.
Доколку се одржи уште еден референдум и се изгласа самостокност на Шкотска, тоа би претставувало шок за Обединетото Кралство, откако Ирска прогласи самостојност пред речиси стотина години, особено во периодот кога Лондон се соочува си можните последици од брегзитот без договор.