Одбрамбениот сојуз на Западот укажува за Босна и Херцеговина, но лидерите во Сараево се подделени во однос на прашањето дали да прифатат покана за членство во НАТО. Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, веќе изјави дека северноатлантската алијанса и Европската унија ги „засилуваат напорите за ’апсорбирање на регионот’“, ставајќи ги државите на Балканот пред „лажен избор“ меѓу Русија и Западот, пишува американски „Bloomberg“, пренесува НетПрес.
Годинава, НАТО веќе ја преовлада Русија во борбата за влијание во јужниот, претходно комунистички, дел на Европа. Сега Алијансата е на пат кон следната конфронтација во регионот, кој беше арена на најкрвавите битки во европската историја по Втората светска војна.
Примајќи ја Црна Гора како член на НАТО, Алијансата се насочува кон Босна и Херцеговина – каде во 1995 година, ја спроведе својата прва воена операција. Иако вмешувањето на НАТО помогна да сопрат крвопролевањата меѓу Бошњаците, Србите и Хрватите, сепак бруталниот конфликт, кој се разгоре тука по распадот на Југославија, однесе најмалку 100.000 човечки животи. Оттогаш регионот постојано живее во сенката на стравот од нови меѓуетнички тензии и конфликти.
Минатата седмица тенденциите се засилија: министрите на надворешни работи на НАТО повторно го стартуваа планот за дејствување за нови членства, кој беше замрзнат речиси една деценија. Бошњаците и Хрватите го поддржуваат зближувањето кон НАТО, но Србите, предводени од Милорад Додик, таа идеја ја сметаат за непријателска.
Никогаш нема да поддржам присоединување кон воен сојуз, независно дали е тоа НАТО или некој друг, категоричен е Додик, кој ги претставува босанските Срби во тристраното претседателство на БиХ.
Лидерот на муслиманите, Шефик Џаферовиќ, смета дека членството во НАТО останува „една од основните цели на надворешната политика“ за трите народи на Босна и Херцеговина. Лидерот на Хрватите, Жељко Кошиќ, исто така, смета дека членството во НАТО е еден од приоритетите, и напоменува дека еден од поранешните српски членови на президиумот, Небојша Радмановиќ, во 2009 година го поддржал планот за дејствување и подготовка за членство во Алијансата.
Тогаш Република Српска навистина го разгледа прашањето за членство во НАТО, и сметавме дека имаме што да разговараме со Алијансата. Денеска геополитичката ситуација е сменета, објасни Додик, кој е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.
НАТО смета на приливот на нови земји членки од Балканот – регион, каде Алијансата е осудена да се бори со влијанието на Русија. Москва категорично го осудува ширењето на западниот блок во нејзината некогашна сфера на влијание. Поранешните југословенски републики Словенија, Хрватска и Црна Гора, веќе се дел од НАТО, а Македонија доби официјална покана за полноправно членство во јули, годинава.
Бомби и смрт
Дејтонскиот мировен договор доведе до создавањето на две квазидржави во Босна и Херцеговина: Република Српска и т.н. Федерација Босна и Херцеговина, составена од Бошњаци и од Хрвати. Системот се карактеризира со слаба федерална власт, која ја делат трите заедници. Тоа го отежнува процесот на носење одлуки, го забавува економскиот раст и го попречува постигнувањето на политичка хармонија – партиите постојано спорат за различни прашања, од тоа како да се распределуваат буџетските средства, до тоа кои знамиња да се користат за време на фоцијални случувања.
И така, минатата седмица, Додик напушти средба во знак на протест против фактот дека знамето на Република Српска не е на исто ниво со тоа на Босна и Херцеговина. Неговото демонстративно отфрлање на доближувањето до НАТО има и историски корени. За време на војната во Босна, НАТО реагираше со бомбардирање на српската атака против муслиманите во енклавата Сребреница. НАТО ја бомбардираше и Србија за време на конфликтот во Косово во 1999 година. Сега официјален Белград одржува тесни врски со Република Српска.
Немаме право да заборавиме за илјадниците бомби и смртни случаи во Србија и Република Српска. Членството во НАТО ќе биде понижување за сите Срби, без исклучок, предупреди Додик уште на почетокот на годинава.
Претходно САД наложија санкции против Додик, кој редовно повикува на повлекување на српската заедница, за поткопување на мирновните спогодби. Додик, исто така, вети дека ќе се спротистави на спроведувањето на промените на државниот систем, прифатени под притисок на меѓународните претставници.
Клучните глобални играчи, исто така, не се согласни. На почетокот на месецов, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека НАТО и Европската Унија, ги „засилуваат напорите за ’апсорбирање на регионот’“, ставајќи ги државите на Балканот пред „лажен избор“ меѓу Русија и Западот. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Алијансата би сакала да постигне согласност во однос на дополнителни мерки, неопходни за евентуалното членство на земјите од регионот.
Дали да го прифатиме или да не го прифатиме предлогот, решава Босна и Херцеговина. Ние го направивме начиот чекор, потенцира Столтенберг од Брисел.