Вториот круг од тестирањето на коронавирусот на ниво на севкупното население во Словачка наиде на отпор, поради што е одложен на засега неодредено време.
Премиерот Игор Матович во средата рече дека вториот круг повеќе не е планиран за спроведување на 6-ти и 7-ми декември, туку ќе биде одржан на засега неодреден датум, пренесе германската новинска агенција DPA.
Матович е упорен поборник на тестирањето на целата популација, а во првиот круг на 31-ви октомври и на 1-ви ноември се тестирани 3,6 милиони од вкупно 5,5 милиони Словаци. Во вториот круг требаше да бидат детектирани и оние кои се заразени во меѓувреме.
Меѓутоа, градските и локалните челници пружаат отпор поради логистичките тешкотии при спроведувањето на масовното тестирање, па сакаат тоа да биде насочено само кон ранливите делови од населението.
Податоците објавени во четвртокот покажуваат дека бројот на заразените во Словачка благо се зголемил. Противниците на масовното тестирање претходно критикуваат дека наодамнешниот пад на новите случаи на заразата се случил поради делумното затворање во октомври, како и дека нема врска со масовното тестирање.
Учеството на масовното тестирање беше доброволно, но секој кој не можеше да приложи негативен резултат од тестот не смееше две седмица да оди на работа.
Од почетокот на епидемијата, Словачка кој првиот бран го дочека со строги мерки на затворања, досега има регистрирано над 101.000 случаи на заразата, и околу 750 смртни исходи од Covid-19.