Словенечките епидемиолози ѝ препорачија на својата влада поради поопасната делта варијанта на коронавирусот на неодредено време да не ги олабавуваат епидемиолошките мерки, а дека бројот на дневните инфекции последните денови повторно се зголемува, предупреди во вторникот министерот за здравство Јанез Поклукар.
Според податоците на словенечкото министерство за здравство, во последните 24 часа биле потврдени 48 нови коронаинфекции, а еден од пациенитете починал од последиците на Covid-19. Моментални во болниците се згрижени 59 ковид-пациенти, а 15 од нив се на интензивна терапија.
„Поради новата и позаразната делта варијанта, преоѓаме во фазата кога досегашнето постепено укинување на мерките ќе запре“, изјави за новинарите министерот за здравство Јанез Поклукар при посетата на Словенечката академија на науките и уметностите (SAZU) од каде апелираа на јавноста граѓаните што поскоро да се вакцинираат за јавниот живот оваа есен да се одвива понормално.
Поклукар изјави дека епидемиолозите препорачуваат поради делта варијантата во внатрешните простори да се задржи мерката задолжително носење маски, како и на настаните и масовните собири да може да присуствуваат само оние кои се вакцинирани со двете дози, кои имаат негативен тест или оздравеле од Covid-19 во последните шест месеци.
„Според искуството од последните 16 месеци научивме дека мерките треба да ги пролагодуваме речиси на дневно ниво, а колку повеќе се придржуваме до донесените протоколите толку помалку ќе биде потребно да носиме нови мерки“, рече словенечкиот министер.
На состанокот во академијата, имунологот и микробиолог Роман Јерала истакнал дека струката во сегашната ситуација не е наклонета кон натаошното попуштање на епидемиолошките мерки и предлага обврската за носење маски во затворени простори биде задржана и натаму.
Според Јерала, многу е мала можноста Словенија да го избегне новиот бран од епидемијата оваа есен поради ширењето на делта варијантата на коронавирусот. То би се случило доколку навистина се случи висок процент на имунизација на населението кое засега е недоволно за создавање колективен имунитет пред настапувањето на новите варијанти, предупредува научникот.
Како што објавија во вторникот словенечките медиуми, иако делта варијантата во Словенија сѐ уште не е многу проширена меѓу популацијата, во последно време со секвенционирања се идентификуваат и нови случаи, па некои инфекции се потврдени кај група словенечки матуранти кои се вратиле од Словенија, иако тие имаат благи симптоми на Covid-19, односно слични на обичен грип.