Зошто молчиш за злоупотребата на судството од Владата на Заев?

И европратеникот од Словенија, Милан Звер, го зема на потбишега еврокомесарот за интеграции и соседски политики, Јоханес Хан, откако Австриецот побара „гласно објаснување“ од унгарскиот премиер Виктор Орбан за азилот на Никола Груевски.

Звер на својот Твитер профил напиша:

„Како може премиерот Орбан да ја објасни одлуката (за азил на Н. Груевски, н.з.) ако тоа е по сите основи правно прашање, а не политичко?“, напиша Звер.

Со тоа словенечкиот европратеник изрази сомнеж и врз наводните заложби на Хан за владеењето на правната држава, за почитување на правото кај членките на ЕУ, додека истовремено бара од политичар, како Орбан, да му објаснува, односно да му се правда за правна одлука на надлежните органи во Унгарија.

Звер не застанува само тука, па на својот Твитер профил напиша и:

„Исто така изненадува што Европската комисија не покажа интерес за злоупотреба на судството и за спроведување на законот за политички цели од страна на Владата на Заев. #двојнистандарди“

Ова е уште обвинување кон Хан, но и вооопшто кон Европската комисија чи претседател е поранешниот долгогодишен луксембуршки премиер Жан-Клод Јунке, кој своевремено беше обвинуван дека е еден од творците на ткн даночни раеви.

Инаку, Звер е потпретседател на Демократската партија на Словенија, чиј претседател е Јанез Јанша. Тој е европратеник, а бил член на Владата на Словенија од 2004 до 2008 година.