Словенија без новозаразени во 24 часа, во болниците само 9 пациенти

Во Словенија во последните 24 часа на 754 спроведени тестови не е регистриран ниеден случај на инфициран со коронавирус, а во болниците има само уште девет пациенти заболени од Covid-19, објави во вторникот словенечката влада.

Вкупниот број потврдени сличаи на заразата од почетокот на епидемијата така и натаму останува 1.469 лица. Во две болници, во Љубљана и Марибор, има уште само девет пациенти, од кои двејца се на интензивна нега, а во клиниката Голник која од почетокот на епидемијата работеше како една од ткн „ковид болници“ повеќе нема заболени, па денеска се затвора за пациенти, потврди на прес-конференцијата во Љубљана, портпаролот на владата, Јелко Кацин.

Во последните 24 часа починал уште еден заблен од Covid-19, со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 108, но состојбата во домовите за стари лица, меѓу чиишто штитеници имаше најмногу починати меѓу заразените, исто така, е многу подобрена и е стабилизирана.

Поради добрата епидемиолошка ситуација за која синоќа во разговор за телевизијата Nova24 премиерот Јанез Јанша повторн дека е „најдобрата во Европа“ и оти претставува голем успех на неговата владаи и во прв ред на медицинскиот персонал, но и на граѓаните кои се придржувале до пропишаните мерки, Словенија и натаму попушта со рестриктивните мерки. Така, олабавени се мерките за ограничување на движењето и социјалниот живот, а сѐ повеќе сигнали од владата укажуваат дека од следната седмица во училишните клупи ќе се вратат и сите ученици во основните и средните училишта кои досега учеа „на далечина“.

Кога станува збор за влезот во Словенија, владата донесе нова одлука којашто стапи на сила уште денеска. Таа одредува дека начелно, но со таксативно наброени исклучоци, на сите лица кои имаат постојан или привремен престој во земјата прил влезот им се одредува 14-дневен карантинм, а исклучок е единствено порелаксираниот режим кој е постигнат врз основа на билатералниот договор со соседната Хрватска. Словенија се надева дека наскоро таков договор ќе постигне и со Унгарија, а до 15-ти јуни и со Австрија, од која вообичаено доаѓаат многу туристи.

Меѓу исклучоците од карантин по влез во Словенија се, меѓу другите, и државјани на соседните земји кои во земјата имаат замјиште или недвижнини или од двете страни на границата обработуваат земја, лица кои во Словенија имаат закажан и планиран оперативен зафат. Исклучоци има и за странците кои во Словенија се образуваат и школуваат или во земјата имаат поблиски роднини и некои други и случни случаи.