Словенија ги отвора гимназиите, вакцинирање во училиштата и градинките

Ученците во средните училишта во Словенија од понеденикот по долгите месеци отсуство од училниците, повторно се враќаат во училишните клупи, а започнува и масовното вакцинирање на персоналот во училиштата и детските градинки, одлучи словенечката влада.

Станува збор за наставата по ткн „Модел Ц“ за средношколците, со тоа што наизменично половината од класовите една седмица ќе учат во живо, а следната од дома. Учениците во основните училишта ќе продолжат со наставата во живо, со тоа што учениците од шестото до деветтото одделение цело време додека се во училиштето ќе мора да носат маски, изјави во четвртокот на прес-конференција министерката за образование Симона Кустец.

Досега наставата директно во училиштата ја имаа средношколците од завршниот клас поради подготовките за полагање на матурата.

Во понеделникот започнува и масовно вакцинирање со препаратот на „AstraZeneca“ на педагошките работници и воспитувачи, објави словенечката влада, наведувајќи се нивното вакцинирање е важно за безбедно функционирање за безбедна работа на училиштата и детските градинки. Прво ќе се вакцинираат тие наставници и учители кои се повозрасни од 50 години, но и тие по вакцинирањето, како и другите, мора да се тестираат на коронавирусот секоја седмица.

Владата се реши за дополнителни попуштања на рестрикциите во наставниот процес, иако тоа требаше да се случи дури во „жолтата“ фаза од епидемијата, кога просечниот број дневни зарази со коронавирусот падне под 600, а во болниците ќе има помалку од 500 ковид-пациенти. Меѓутоа, поради големиот притисок на јавнсота и предупредувањата на педагозите за негативните ефекти од отсуството од училиштата за младите генерации, во психолошка и во педагошка смисла, влаата сепак се реши за отворање на училиштата.

Според податоцвите објавени во четвртокот, во последните 24 часа во Словенија се потврдени 1.019 нови случаи на зараза со коронавирусот, со 17,5 отсто позитивни наодите на сите тестирани, а забележани се и четири смртни исходи меѓу заболените со Covid-19. Во болниците моментално се 511 хоспитализирани поради болеста, од кои 86 се на интензивно лекување.