Словенија: Карантин за цело одделение по зараза на ученик во Марибор

На сите ученици во трето одделение од едно основно училиште во Марибор во вторникот им е одреден 14-дневен карантин, откако кај едно дете е дијагностицирана зараза со коронавирусот.

„Мораме да бидеме крајно претпазливи, па учениците од тоа одделение следните 14 дена остануваат во карантин, додека сите други ученици и вработени и натаму можат нормално да доаѓаат на наставата, со спроведување на превентивните мерки како и досега“, изјавила за мариборскиот дневен весник Večer, Лидија Тодорович, директорка на основното училиште „Лудовик Плибершек“.

Станува збор за првиот потврден случај на зараза со коронавирусот во вториот најголем град во Словенија по цел месец.

Во Марибор, на границата кон Австрија, од почетокот на епидемијата имаше многу помалку случаи на зарази со коронавирусот во однос на главниот град Љубљана, а во однос на бројот на жителите помалку и во однос на другите градови. Поради тоа мариборскиот градоначалник Сашо Арсенович градот пред две седмици ги прогласи првото „корона фри“ урбано подрачје во земјата.

Училиштето за потврдата на заразаа кај ученикот го известило рано утрото националниот Институт за јавно здравје, и одредило соодветни мерки за превенција на ширењето. Според неофицијалните медиумски извештаи, дететот било тестирано откако заразата била потврдена кај неговата мајка, но самото немало симптоми на болеста.