Словенија пред целосно отворање, рекордно низок процент позитивни

Во Словенија во последните 24 часа потврдени се само 83 нови случаи на зараза со коронавирусот, со рекордно низок процент на позитивни тестови, па владата најавува дека од 1-ви јуни, кога се очекува влегувањето во „зелената“ фаза од епидемијата, ќе ги укине најголемиот дел од преостанатите рестриктивни мерки.

Со 1.405 тестови потврдени се 83 зарази, односно 5,9 отсто, во болниците моментално има 316 заболени од Covid-19, активни случаи од заразата моментално има 5.539 пациенти, објави владата.

Сѐ помал е и бројот на починатите од Covid-19. Во последните 24 часа е забележан само еден смртен случај меѓу заболените, а вкупниот број на смртните исходи од ланскиот почеток на епидемијата сега изнесува 4.335 лица.

Седумдневниот просек на дневните зарази моментално изнеува 333, а за да се мине во „зелената“ епидемиолошка фаза, овој просек мора да падне под 300. Се очекува дека тоа ќе се случи веќе оваа седмица, а владата најави дека од 1-ви јуни ќе воведе ново ублажување на рестриктивните мерки, со одржување на оние најосновните.

За подобрување на епиемиолошката ситуација во Словенија укажува и тоа дека има помалку од 100 нови зарази во еден ден се забележани на 4-ти октомври минатата 2020 година, кога процентот на позитивните наоди меѓу тестираните изнесувал 7,33 отсто.

Во понеделникот започна и доброволното тестирањето на коронавирусот на учениците од средните училишта. Тие со брзите антигенски тестови се тестираат дома, што ќе се изведуваат еднаш седмично, а во просек во таа акција се вклучиле третина од учениците, јавуваат словенечките медиуми.

Според најновите податоци на владата, досега со барем една доза вакцинирани се 36,5 отсто од населенеито, од кои повеќе од половината се вакцинирани се со вакцината на „Pfizer/BioNTech“. Двете дози од вакцината ја домиле досега 19,4 отсто од популацијата, додека речиси 242.000 луѓе од почетокот на епидемијата биле заразени со коронавирусот, поради што добар дел од нив се сметаат за заштитени.

Словенечниот министер за здравство Јанез Поклукар изјави дека до летото поради зголемувањето на количествата на вакцините ќе се успее да биде вакцинирано мнозинство од населението, дека недовербата кон вакцините се намалува, но дека кампањата за имунизација треба да продолжи за да се обезбеди добра ситуација пред можниот нов бран од епидемијата есенва.

„Доколку не осигуриме доволна вакцинираност во земјата, би можело кон крајот на оваа или на почетокот од следната година, кога условите за ширење на вирусот се најповолни, да ни се повтори ситуацијата со коај бевме погодени лани“, изјави Поклукар во разговорот за порталот Siol.net.