Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 2.488 короанвирусни инфекции од 7.202 направени тестови, а починале уште четиринаесет пациенти, соопшти во четвртокот министерството за здравство.
Станува збор за втор најголем број заразени на дневно ниво, отокако ден претходно беа регирстрирани 2.605 нови зарази, што потврдува дека состојбата на епидемијата и натаму е на границата на контролирање. Според најновите податоци, уделот на заразените во вкупно тесиранит изнесува високи 34,55 оотсто.
Заклучно со поледното деноноќие на 660 пациенит им била потребна болничка нега, а истовремено од болнциите биле отпуштени 47 лица, со што бројот на хоспитализираните остро се зголемил. На одделите за интензивна нега, исто така, има зголемен број пациенти, односно 109 лица.
Во Словенија во моментов има 20.016 активни случаи на инфекцијата, и досега е потврдени 30.703 коронаинфекции од почетокот на епидемијата во февруари.
Во болниците починале осум лица, а уште шест смртни исходи од Covid-19 се пријавени во домовите за стари лица. Или вкупно 286 смртни исходи од почетокот на епидемијата.