Случајот „Рекет“ потегнат и од ЕНП: Могерини, кажи нешто!

Објавата на Ла Верита од минатите денови по однос на аудио и видео материјалот за активностите околу рекетирањата што се случиле во изминатите години во Македонија, со знаење на канцеларијата на специјалната обвинителка предводена од Катица Јанева, се претвори во вистински политички и социјален земјотрес, напиша денеска италијанскиот новинар во весникот „Ла Верита“, Ларис Гајзер.

„Нашата редакција, како и долупотпишаниот, беше преплавена на дневна база , од илјадници пораки за поддршка и благодарност. Скоро и да немаше критики и закани што вообичаено ги има во вакви случаеви. На сајтот, на тема за надворешна политика, високо надминавме над милион контакти. Можеме да кажеме дека Ла Верита на македонската популација и направи услуга од јавен карактер, размрдувајќи некои стагнирачки ситуации и враќајќи му ја довербата на еден народ сведен на константна изолација на којашто ЕУ изгледа дека го осудила со цел да го оствари планот за ограничување на суверенитетот на земјата. Македонците се еден горд народ, разочаран од корупцијата, и патат уште повеќе кога ситуацијата, дури и само индиректно, е поддржана од ЕУ. Треба да се напомене дека баш Ж.К.Јункер и Могерини инсистираа силно за специјалната обвинителка. Токму заради тоа, сензационалните откритија на нашиот весник предизвикаа и внатрешни и надворешни тензии. Внатрешно, опозицијата предводена од Х.Мицкоски тврди дека Ла Верита јавно му покажала на широкото граѓанство докази за една огромен политички и судски октопод, што премиерот Зоран Заев треба да го земе предвид и да си поднесе оставка. Тој (ЗЗ) засега целата случка ја коментира само преку фејсбук пост кадешто вели дека ликовите го злоупотребиле неговото име. Од затворот во кој се наоѓа токму поради случајот “Рекет” анализиран од нас, Боки13 му одговорил, преку еден српски весник, дека доколку се посегне по неговиот живот, доказите за вмешаноста на Заев се наоѓаат кај мајка му. Од меѓународна гледна точка пак, освен фактот што нашите вести беа преземени од бројни медиуми, меѓу кои и оние од Германија, Албанија, Србија и Словенија, првата со реакција беше Франција. Нејзиниот амбасадор изјави дека македонските власти треба да дадат јасни одговори по однос на скандалот обзнанет од нас, пред Брисел да почне да го анализира приближувањето на Македонија кон ЕУ.
И токму од Унијата којашто сметавме дека треба да се преиспита уште пред неколку години бидејќи преку Могерини, беше главен спонзор на СЈО и на многу меѓународни трауми нанесени на Македонија, стигна најпоразувачката порака, тотален молк.

Без разлика на летниот периот, илјадници вработени во внатрешните служби на ЕУ, од кои 220 во делегацијата во Скопје, не успеаја да изнесат ниту еден институционален извештај со надеж брзо да се разјаснат фактите.

Наредбата од Брисел да се молчи за да не се нанесуваат дополнителни штети на имиџот, сигурно била нанесена на кристално јасен начин. Толку јасен што и на Дорис Пак и станало јасно дека нешто не чини, децениски парламентарец задолжена за проширување на Балканот и без никаква дилема една од најмоќните политички фигури на ЦДУ и Германија, актуална претставничка на ЕПП.

Таа објави силен апел вчера на соцојалните мрежи, со барање на итна реакција, кон надворешните служби на Унијата, запрашувајќи се како Могерини може да молчи пред криминалната реалност обзнанета од третото видео објавено на сајтот на Ла Верита..

Во 2015 година, токму ЕУ инсистираше за СЈО, што му нанесе многу штета на македоснкиот народ.

Денес тие од ЕУ, задолжително треба да одоговорат , особено на оние внатре на македонската администрација, коишто изминативе месеци го ризикуваа животот, помагајќи ни во објавувањето на материјалот, убедени дека сѐ уште е возможно да се има вистинска демократија базирана на информирано јавно мислење и контрола на политичарите.

Што се однесува до нас, продолжуваме со проценување на конкретноста и на правната изводливост со цел потенцијално објавување на друг аудио материјал.

Засега се надеваме дека македонскиот народ конечно може да добие вистинска поддршка од странските престолнини, коишто досегa воделе политика од сенка“.