Службеничка во кочанската пошта ги трошела парите на граѓаните

По скандалот со грабежите со поштата во скопско Катланово, каде вработената крадела, разоткриена е уште една службеничка која крадела од граѓаните и го оштетила претпријатието.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 45-годишната В.Ј.  како вработена во „Македонска Пошта“ Скопје-Подружница Кочани во текот на минатата година ја злоупотребила должноста и крадела од парите на граѓаните.

Таа за себе си присвојувала од парите  уплатени од физички лица по основ на платени фактури за електрична енергија и вода. Некои сметки ги сторнирала, а некои воопшто не ги евидентирала.

Исто така, од трансакциони сметки на девет лица со налози за исплата на готовина подигала парични средства и ги користела за себе, а потоа со уплатница повторно им ги плаќала на сметките.

На овој начин, В.Ј. неовластено се послужила со 1,8 милион денари, противправно за себе присвоила 39.304 денари, а го оштетила друштвото за 27.429 денари.