Шмајхел: Судијата не не сакаше

Голманот на Данска, Каспер Шмајхел можеше да стане херој на оваа скандинавска држава, но трие одбранети пенали, вклучивајќи го и ударот на Модриќ во 116 минута од натпреварот не беа доволни за пласман во четвртфиналето на Мундијалот.

Чувството е чудно, бидејќи сум разочаран, но исто така сум горд на нашиот тим. Не зборувам само за фудбалерите, туку за сите што направија се за нашиот тим. Во второто полувреме игравме подобро од противниците, но немавме среќа. И да, ниту судијата не нè сакаше. Емоциите ме преплавија, изјави Шмајхел, кого од трибинте го бодреше легендарниот татко, Петер.

Голман на „Лестер“ истакна дека неговите соиграчи не го изневерија.

Секој кој има храброст да шутира пенал е херој. мора да имате сила за удар од белата точка. Горд сум на моите соиграчи, вели голманот.

Данецот се осврна и на одбранетиот пенал на Лука Модриќ во 116 минута.

Бев подготвен за секоја ситуација и интуитивно почувствував каде ќе шутира. На крајот, не можев да ги одбранам сите пенали. Специјално Пред натпреварот не ги трениравме специјално ударите од 11 метри, то го направивме само малку, додаде Шмајхел.