![pat-sneg-kamion (1)](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/pat-sneg-kamion-1.jpg?resize=696%2C366&ssl=1)
Сообраќајот на патиштата се одвива тековно по наместа влажни коловози. Слаб снег кој не се задржува на коловозот има на Попова Шапка, Крушево и на планинските превои Ѓавато и Пресека, информираа од ЈП Македонија пат.
Намалена видливост поради магла до 150 метри има во Крушево. Од ЈП Македонија пат апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП Мaкедонија пат, како што се посочува, постојано се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.