Сноуден: Мојата мисија е готова!

Избеганиот американски разузнувач, Едвард Сноуден, истакна дека неговата мисија е завршена, бидејќи го постигнал тоа што го наумил.

„За мене, во поглед на лична сатисфакција, мисијата е исполнета“, рекол Сноуден во во интервју за „Вашингтон Пост“.

Интервјуто со Сноуден е правено два дена и е прво големо интервју откако тој најде засолниште во Москва.

„Веќе победив“, рекол Сноуден и додал дека штом веќе новинарите можеа да работат, се’ што се обидов да направам е потврдено.

Меѓудругото, тој додава дека негова цел не била да го менува општеството, туку да им се пружи можност на луѓето да сфатат што треба да променат.

Сноуден негирал дека се обидувал да ја сруши НСА, туку, напротив, дека работел за нејзино добро.

„Еве и сега работам за НСА, само тие тоа не го сфаќаат“, рекол човекот кој речиси го смени светот.

Поранешниот налитичар на НСА вели дека, иако големите американски корпорации масовно собираат податоци за своите клиенти, ова собирање од страна на НСА е многу посериозно,бидејќи Владата може да им нанесе сериозна штета на лицата за кои собира податоци, вклучително и да ги разнесе.

Сноуден вели дека функционерите на НСА се шегувале на оваа тема, велејќи дека има разлика меѓу нивните архиви на податоци и податоците на, на пример, Твитер.

„Ние можеме да им плеснеме ракета на чело. Твитер не го може тоа“, вели Сноуден.

Сноуден додава дека тој е првиот вработен во НСА кој се решил на ваков чекор, иако имало многу луѓе кои биле свесни дека тоа што го прават е спорно. Но, пред се, Сноуден ги обвинува конгресмените кои имале право да вршат надзор над НСА, но молчеле за злоупотребите.

„Политичарите задолжени да го вршат надзорот над НСА ме избраа да го сторам ова. Сенаторката Дајан Фајнштајн ме одбра кога поставуваше лесни и меки прашања на сослушувањата во Сенатот. Конгресменот Мајк Роџерс ме одбра кога го сокри постоењето на овие програми. Системот на надзор доживеа неуспех на секој чекор и на секое ниво, тие што требаше да ги отворат овие прашања, се откажаа од својата одговорност“, вели Сноуден.

Сноуден вели дека тој нема намера да ги објави сите документи кои го земал од НСА, а дека, доколку направи сличен систем на објавување на документите доколку биде убиен, само ја зголемува можноста лица кои сакаат да ги видат документите во целост да се обидат да го ликвидираат.

 

„Тоа нема логика, место копче за заштита, би било повеќе како копче за самоубиство“, изјавил Сноуден за „Вашингтон пост“.