Поранешниот соработник на американската агенција за безбеност, Едвард Сноуден, поседува списоци од своите колеги разузнавачи со нивни лични податоци, што претставува негово животно осигурување.
Британските медиуми тврдат дека Сноуден се’ уште не ги објавил најинтересните податоци за работата на Агенцијата, како и имињата и податоците од своите поранешни колеги.
Извори во разузнавачките служби на Велика Британија и САД велат дека овие податоци на Сноуден му служат како своевидно животно осигурување, доколку некој се обиде да го уапси или да го убие.
Доколку настаните се одвиваат во лош и непосакуван правец, Сноуден може да ги објави и овие податоци.