Поранешниот службеник на Националната агенција за безбедност (НСА), Едвард Сноуден, изразил надеж дека откривањето на тајните документи ќе обезбеди поголема транспарентност во работата на владите, обајви вчера американски „Тајм“.
„Она што најмногу ми пречи не е тоа што таков надзор може теоретски да се случи, туку дека тоа е направено, а општеството да не биде свесно дека тоа е можно“, рекол Сноуден во интервју за американскиот магазин преку маил.
Тој изразил надеж дека неговото откривање на податоци ќе помогне да се случат промени така што јавноста, технолошката заедница, американските судив и Конгресот ќе го променат начинот на размислување.