
Во вечерашното гостување на „Топ Тема“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски вели дека Македонија ќе стане единствената држава која се откажала од своите национални малцинства
– Клучно во однос на дијаспората односно членот 49, едно е дијаспора друго се национални малцинства. Национални малцинства се некој што е роден во таа држава а има различна етничка припадност од мнозинскиот народ, а дијаспора е некој да се исели од оваа држава во друга. Едно е македонец во Германија, друго е македонец во Лерин. Македонецот во Лерин е роден таму и нема алтернативна држава. Ние со ова се откажуваме од грижата за нив и со членот 7 допоплнително стануваме единствена држава што се откажуваме од Македонците надвор од државата во соседните држави и иплицитно признаваме дека сме вештачка држава и вешчтака нација создадена во овие граници, рече Николовски.