Со контроверзен закон Заев и Филипче сакаат да протнат криминална зделка за нов клинички центар

СДСМ и Владата предводена од оваа партија, продолжуваат со концептот на демонтирање на здравствениот систем и наместо анализа на новонастанатата состојба во здравството со корона епидемијата, наместо утврдување на потребите и приоритетите на здравствениот систем, деновиве  СДСМ е во криминален поход за реализација на проект, кој секоја година го најавуваат, а тоа е нов клинички центар. Зајакнувањето на капацитетите на здравствениот систем е приоритет за сите. Тоа зајакнување не треба да се изведе со нетранспарентен процес и закон од само 9 членови, кој не обезбедува никакви детали за тоа што ќе се добие на крајот од проектот, рече на денешната прес-конференција Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Прво, треба да е јасно дека за вредност од 500-700 милиони евра, денес ќе дебатиравме за потребата  втор клинички центар и сето тоа ќе беше доколку не го прекинеа проектот Клинички центар Мајка Тереза. Второ, предлагаат закон за клинички, а ги немаат решено имотно-правни односи на самото земјиште, не им е отпочната постапката за експропријација. Немаат анализа за потребата од централизација или пак децентрализација на здравствениот систем настаната од корона епидемијата, немаат проект, немаат испитувања за геомеханиката на земјиштето, ниту за евентуални археолошки наоѓалишта. Трето, градбата на нов клинички центар вака како што тие го замислуваат и сакаат да го протуркаат претставува извор на корупција.  Овој предлог е само една работна верзија на закон. Овој предлог наместо да обезбеди одбирање на најдобрата компанија, стимулира некаква заедница на компании. Четврто, самата јавна набавка како што ја опишуваат во овој таканаречен предлог закон за реализација на проект нов клинички центар е спорно. Ова е  работна верзија на закон, со оваа работна верзија се елиминира конкуренцијата, не се добива најдобриот понудувач туку се стимулира можноста за фиктивни понуди. Дури, постои и однапред  можност за однапред договорени фиктивни понуди.  Петто, како заклучок, може да се каже дека ова е само еден проект на популизам кој што се случува пред избори. Наследија готов проект од ВМРО-ДПМНЕ и наместо да го продолжат и да го реализираат, тие го поништија. Овој проект кои тие го ставија на страна требаше да биде досега реализиран  и денеска ќе имавме уште една инфраструктурна единица на располагање во борба со корона епидемијата, истакна Николов.

Оттука ВМРО-ДПМНЕ ваков законски текст не поддржува! Ваква пљачка на народните пари нема да дозволи и вакво лажење на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи, додаде тој.