Со новиот коронавирус во Србија во последните 24 часа се заразени уште 295 лица, или вкупно 27.044, а во изминатото деноноќие починале уште девет пациенти, соопшти во средата на прес-конференција Кризниот штаб на владата.
Премиерката Ана Брнабиќ истакна дека од вторникот во 15 часот до средата попладнето тестирани се примероци на 9.858 лица, а 295 биле позитивни, додека се постепено се намалува бројот на хоспитализираните пациенти, со сразмерно повеќе оздравени и зголемување на бројот на отпуштени од ковид-болниците.
На лекување моментални се 3.315 забоелни, од кои 132 се на респиратори.
Епидемиологот и член на Кризниот штан, Предраг Кон оцени дека новата епидемиолошка статистика не докажува дека вирусот слабее, туку дека граѓаните посериозно се придржуваат на мерките.
Меѓу 713.104 тестирани примероци од почетокот на епидемијата на 6-ти март до 5-ти август регистрирани се 27.033 заболени, а со вкупно 614 жртви на Covid-19 од март до денеска смртноста е на ниво од 2,27 отсто.
Премиерката Брнабиќ констатирајќи дека намалува притисокот врз болнциите, им се заблагодари на граѓаните „кои сериозно ја сфатија заедничката борба“, бидејќи повеќето од нив се однесуваат одговорно.
Потсети и дека српскиот претседател Александар Вучиќ претходно најави дека „Србија ќе биде во првите 20 земји кои ќе ја добијат вакцината против коронавирусот“, но дури откако ќе бидат завршени сите тестирања и потврдена безбедноста на вакцината.