
Откако претходно близок роднина на советникот на ДУИ и коалиционен партнер на СДСМ во Советот на општина Охрид, Нефи Усеини, беше поставен за раководител на одделението за туризам, при секторот за туризам и локален економски развој во општина Охрид, градоначалникот Константин Георгиески реши повторно да ги награди луѓето блиски до Усеини, пишува Охрид24.
Па така Урим Алиу, близок на Усеини, деновиве е унапреден во Советник за изработка на проекти во Одделение за меѓународна соработка и соработка со збратимени, Сектор за меѓународна соработка, соработка со УНЕСКО и култура.
Инаку дел од медиумите веднаш после победата на Константин Георгиески на вонредните локални избори во Охрид, пишуваа дека победата е обезбедена токму со гласовите кои ги контролира Усеини, кој во замена за тоа треба да добие вработувања и други погодности. Покасно потврда за тоа стигна и од самиот Усеини.