Со предавање на оставката заврши ерата на Тереза Меј

Британската премиерка Тереза Меј отстапи во петокот од челната функција во владејачката Конзервативна партија со што официјално започна трката за нов челник на конзерватиците и воедно премиер, која ќе одлучи за новото насочување на Обединетот Кралство.

Меј во петокот ја известила својата партија дека ја поднесува оставката на претседателската должност. Но, премиерката и преодна челничка на конзервативците, ќе остане на функциите додека пратениците и членовите на партијата не го изберат новиот партиски шеф, а тоа може да потрае и со седмици.

Кандидатурите за новиот партиски лидер ќе се примаат до понеделник во 18 часот. За местото наследник на Тереза Меј ќе се натреваруваат најмалку десет кандидати кои се убедени дека токму тие се вистинскиот избора за да го спроведат процесот на истапувањето на Европската унија, најголемиот пресврт во британската политика по повеќе од четири децении.

Меј оставката ја најави во мај откако паралемнтот трипати го одби нејзиниот план договорен со Брисел и во предвидениот рок до 29-ти март не успеа да осигури уредно раздружување на земјата од ЕУ. Со тоа ја продлабочи политичката криза во земајта која е поделена од јуни 2016 година по референдумот за напуштањето на ЕУ.

Некогаш млакиот прврзаник на британското членство во ЕУ, Меј во метежот кој се создаде по референдумот во 2016-та, на кој гласачите тесно изгласаа раздружување со Брисел, се наметна како „разумен“ избор за премиерка која ќе може и да го спроведе брегзитот, но оставката ја поднесе токму поради неуспевањето да го исполни нејзиното главно ветување.

Борбата за челното место на конзервативците се вжешти, а кандидати разменуваат тврдења за добрите и лошите страни на неуреденото напуштање на ЕУ. Официјалните номинации ќе се примаат до 10-ти јуни, а процесот на избор треба да биде завршен до крајот на јули.

Според сегашните анкети, фаворите е поранешниот министер за надворешни работи Борис Џонсон, а тој е поборник на тврдиот став кон прегзитот и порачува дека Британија треба да се збогува со Унијата со договор или без него до 31-ви октомври, што е последниот во низата на продолжените крајни датуми. Џонсон се обидува да ги убеди конзервативците дека токму тој, кој во два мандата беше градоначалник на Лондон, е единствениот кандидат способен да ја истурка победата на конзервативците на новите национални избори.

Другите кандидати се обидуваат да го срасаат, а меѓу нив во прв ред се актуелниот шеф на дипломатијата Џереми Хант и министерот за екологија Мајкл Гоув кои имаат поумерени ставови кон брегзитот.