Струшката полиција трага по возач на скутер кој повредил пливач, вчера во водите на Охридското Езеро, информираше МВР.
Според полицијата, инцидентот се случил околу 16.45 часот во делот на езерото кај населбата Езерски лозја.
Тогаш Р.Д. (50) од струшкото село Ливада пливал на околу 500 метри оддалеченост од брегот кога бил удрен од скутер.
Возачот на скутерот веднаш заминал и не му пружил помош на повредениот. Тој, со помош на друго лице бил пренесен во Општата болница во Струга.