-5.2 C
Skopje
среда, јануари 1, 2025

Собранието од 19 часот ќе работи без пауза додека не се распушти

Претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека од 18.00 до 19.00 часот ќе трае паузата од расправата за предлог законот за јавното обвинителство, а по 19.00 часот ќе продолжи и ќе трае без прекин додека Парламентот не биде распуштен.

Според ваквата најава, пратениците без прекин ќе работаат до недела на пладне кога и треба да се распушти Собранието.